Трилер во Австрија: Довициозо на последен свиок го помина Маркез за да победи! (ВИДЕО)
Шпанецот Марк Маркез како и обично беше голем фаворит за триумф и денеска во Австрија, но овојпат Довициозо во лудата трка успеа да го помине. Двата возачи наизменично се менуваа на трката и на три круга до крајот следеше буквално лудило, наизменично претекнувајќи се на патеката. Во завршниот круг, буквално на последен свиок Довициозо успеа да го претрка Маркез и на крајот да победи.
Трет на денешнот гранпри беше Фабио Квартаро, потврдувајќи дека сезонава е одличен. Зад него ги остави Валентино Роси и Виналес.
Espectacular como gana Andrea Dovizioso vs Márquez pic.twitter.com/Spv7QLDGtf
— Brasil Jiménez (@jimenez_brasil) August 11, 2019