Најубавата атлетичарка во Европа ќе биде главна ѕвезда на тимското ЕП во Скопје!
Улогата на фаворит ќе ја има репрезентацијата на Србија, која ќе биде предводена од најдобрата атлетичарка на сите времиња, Ивана Шпановиќ (скок во далечина).

Станува збор за актуелен европски шампион во сала, која може да се пофали со две бронзени медали од СП 2013 и 2015, како и бронза од Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Македонската атлетика, пак, најголеми надежи полага на настапот на Јован Стојоски, Дрита Ислами и Дарио Ивановски.
„Ова е настан кој очекуваме да најави нов почеток во атлетиката кај нас, односно можност да ја вратиме атлетиката онаму каде припаѓа - на врвот на спортовите“, изјави новиот претседател на атлетската федерација Александра Војнеска-Зикова.
Таа додаде дека ќе стори максимум во организацискиот дел, со што ќе го оправдаме статусот на рамноправен партнер на Европската атлетска федерација. Натпреварите стартуваат во сабота попладне, а влезот е слободен и двата дена.