Кузмиќ е надвор од животна опасност, почнал да комуницира со семејството

Ситуацијата околу кошаркарот на Црвена Звезда, Огнен Кузмиќ, е се подобра и подобра, сооштија од „црвено - белиот“ клуб.

Како што се наведува во соопштението на клубот од Белград, во понеделник планирано е Кузмиќ да биде префрлен од шок соба на оделението за интензивна нега.

КК Црвена Звезда ја информира јавноста дека нашиот кошаркар Огнен Кузмиќ се чувствува многу подобро и во понеделник ќе биде преместен од шок соба во Ургентниот центар во оделението за интензивна нега, во истата здравствена установа. Кузмиќ од петок е во свесна состојба, комуницираат со членовите на семејството и лекарите кои се задолжени за неговото закрепнување и на кои КК Црвена Звезда уште еднаш им изрази огромна благодарност за сето она што го прават околу рехабилитацијата на Огнен, се вели во соопштението во белградскиот клуб.

Исто така, на веб-страницата на Црвена Звезда е објавено дека Кузмиќ е надвор од животна опасност, нема негативни промени, нема компликации и влошување на повредите на главата и градниот кош по сообраќајната несреќа која се случи минатата недела.