Првата ѕвезда на Наполи удри по Сари: Реков еднаш и ќе повторам – тој нѐ предаде!
Сари после една година во Челси и освоениот трофеј во Лига Европа, се врати во Серија А, како предводник на „старата дама“ што ги разочара наполитанците, а меѓу нив и Инсиње, кој не штедеше зборови за да каже дека Сари е предаавник!
„Јас еднаш кажав и сега пак ќе повторам – Сари нѐ предаде. За нас наполитанците, тоа е предавство. Сега мораме да се фокусираме на нас и да се обидеме да го победиме. Скудетото е сон за сите нас и повторно ќе се обидеме да стигнеме до него. Не може да ветиме дека сигурно ќе го освоиме, ама може да ветиме дека ќе дадеме сѐ од себе. Јас сум среќен во Наполи и сакам да останам тука до крајот на кариерата“, рече Инсиње.