Што се случува со Французинот: Зидан го напушти Реал Мадрид!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, го напушти тренинг кампот на својот тим во Монтреал поради лични причини, соопшти шпанскиот клуб.

Фудбалерите на „Кралскиот“ клуб моментно се на подготовки во Канада за учество на Меѓународниот куп на шампиони, во кој ќе одиграат пријателски натпревари против Арсенал, Атлетико Мадрид и Баерн од Минхен.

Нашиот тренер Зинедин Зидан го напушти кампот во Монтреал од лични причини. До неговото враќање, тренинзите ќе ги води вториот тренер Давид Бетони, се наведува во соопштението на Реал (М).

Зидан се врати во шпанскиот гигант кон средината на минатата сезона, по пауза која ја зема откако со овој тим ја запиша и третата титула во Лигата на шампиони.