Клубовите и кошаркарите најдоа компромис, намалена загарантираната минутажа за Македонците!
Ова правило ќе важи во регуларниот дел од сезоната, додека во плејофот ќе нема вакво ограничување, односно тренерите ќе може да ги користат сите расположиви сили од клупата. Ваквиот предлог ќе треба да биде потврден преку Собранието на КФСМ по дописен пат, кое би требало да се одржи по дописен пат.
Денешниот состанок мина во конструктивна атмосфера, а конечен одговор дали двете страни ќе останат на овој предлог ќе биде доставен во Куќата на кошарката најдоцна до петок. Ако се мине според планот, тогаш ќе се продолжи според планот за Вонредно Собрание и промена на Регистрацискиот правилник.