Вардар е меѓу десетте најпопуларни клубови во Европа! (ФОТО)

Европскиот шампион Вардар се наоѓа во топ-10 најпопуларни клубови во Европа, поточно „црвено-црните“ се на деветтата позиција со вкупно 184.008 фанови на социјалните мрежи (Твитер, Инстаграм, Фејсбук).

Најпопуларен европски тим е Барселона со речиси пет милиони фанови, а по нив следуваат ПСЖ, Кил, Рајн-Некар, Кјелце, Веспрем, Монпелје, Вардар и Бешикташ во топ-10.