Од сезоната 2020/21, не смее да се игра ЛШ во „Борис Трајковски“!
ЕХФ донесе одлука во правец на зголемување на бројот на гледачи. Така минималниот капацитет на седишта е зголемен од 2.500 на 4.000, а ќе смее да се игра исклучиво во сали кои имаат трибини од сите четири страни.
Ова автоматски ја исклучува „Борис Трајковски“, која има трибини од три страни и само една мала, монтажна на четвртата. Прашање е дали тоа ќе биде земено предвид како „дупка во законот“ на ЕХФ, но затоа сигурно е дека во „Јане Сандански“ исполнети се критериумите и по конфигурацијата на трибините и по бројот на гледачите.
Арените оваа транзиција треба да ја направат во следните четири сезони (2020/21, 2021/22, 2022/23 и 2023/24).