Тери објасни зошто Лампард е совршен кандидат за тренер на Челси

Челси уште не го потврди ангажманот на Френк Лампард, кој доби дозвола од Дерби каунти да преговара со поранешниот клуб.

Џон Тери и Лампард поминаа многу години заедно во дресот на Челси и освоија три шампионски титули.

„По сезоната која ја имаше во Дерби и забраната за трансфери која му е дадена на Челси, не постои никој подобар тренер кој може да го предводи клубот до успех. Ова е совршено време за него и за клубот. Френк беше под притисок да успее во Челси од денот кога стигна од Вест хем и никогаш не бегаше од тоа. Уживаше во тоа и стана најдобар фудбалер во историјата на тимот“, порача Тери.