Луди сцени на Мајорка по кам-бекот во Ла Лига (ВИДЕО)

Мајорка славеше со 3-0 против Депортиво Ла Коруња во реванш натпреварот од плејофот за влез во Ла Лига и обезбеди пласман во шпанската елита. 

Островјаните иако загубија со 2-0 на првиот натпревар на гостински терен, вечерва пред своите гледачи остварија убедлива победа. Мајорка во регуларниот дел од сезоната заврши на петтото место на табелата во Втората лига. Прво го елиминираше Албасете, а потоа и Депортиво.