Диего Марадона си замина од мексикански Дорадос поради здравствени причини

Аргентинската легенда Диего Армандо Марадона не е повеќе тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос од Синалоа, инаку регион познат како „царството на кокаинот“.

Марадона нема да биде повеќе тренер на Дорадос од здравствени причини, а отказот го објави неговиот адвокат Матијас Морла, кој објавил дека легендата мора да оди на операција на рамењата и на колената, а во последно време имал и несоница, што било пречка за негов нормален живот.

Сега се најавува дека аргентински клубови ќе се обидат да го ангажираат, пред се Нуева Чикаго, која најмногу инсистира на ангажман на Марадона, но сето тоа виси поради најавените операции на аргентинскиот фудбалски бог.

Марадона освен здравствените проблеми има и проблеми со поранешните сопруги Клаудиа Вилафане и Росио Олива, кои судски бараат милионски отштети од него, а поради тоа Марадона неодамна беше и приведен на информативен разговор.