„Батл ројал“ во ММА: Се тепаа тројца на тројца во октагон (ВИДЕО)

Во ММА се појавува нова дисциплина, а тоа е борба „тројца на тројца“. Во Филипините се одржа првиот ваков настан на кој во октагонот влегоа да се борат шесторица. 

Борците во црвените ракавици се бореа за Филипините, додека тие во сините беа претставници на Кина. Ова делува интересно и е по примерот на најновиот феномен во видео-игрите наречен „батл ројал“.