Вардар пушта во продажба дополнителни билети за дуелот со Пик Сегед
Овие билети се за секторот за стоење во салата „Јане Сандански“ и ќе се продаваат по цена од 200 денари. Едно е сигурно, „Јане Сандански“ ќе биде целосно распродаден и унгарскиот тим го очекува вистински пекол.
Натпреварот е закажан за четврток, 25 април со почеток во 20 часот.