Трета среќа за Барса- ќе успеат ли конечно да го ангажираат Вилијан?
Добра вест за Барса е тоа што договорот на фудбалерот од средниот ред му истекува во јуни 2020 година. Тоа значи дека летниот преоден рок е последна шанса за Челси да заработи нешто од Бразилецот.
Лоша вест е што Англичаните имаат забрана да купуваат фудбалери поради казната од ФИФА, па така не им оди во прилог да ги продаваат своите најдобри фудбалери, затоа што нема да можат да им најдат замени, а клубот наводно им соопштил на играчите дека никој од нив нема да замине летово.