Нов шок: Бразил не може да ја победи Панама!? (ВИДЕО)
Откако вчера Аргентина прописно се посрамоти дури и со Лионел Меси во тимот, сега Бразил ја продолжи серијата на фудбалски шокови, па иако доминираа 90 минути, на крајот „кариоките“ мораа да се задоволат со мизерни 1-1. Дури и Панамците се изненадија од резултатот, сооглед што беа прежалени против фудбалските велемајстори од земјата на самбата и кафето.
Инаку Панама веќе 13 меча по ред не знае за победа. Бразил поведе со гол на новата ѕвезда на Милан, Лукас Пакета, ама четири минути по тој погодок, Панамците изненадија и преку Мачадо израмнија