Дејвис постигна 32 поени, но навивачите го „поздравија“ со - свирежи (ВИДЕО)
Минесота беше подобра во поголемиот дел од времето во првото полувреме, па така гостите во втората четвртина имаа +18, а до крајот Њу Орлеанс се врати во игра, па на полувреме заминаа со 62-62.
Второто полувреме го добија домаќините, кои во третата четвртина стигнаа до +14, а на крајот славеа со 122-117.
Дејвис бееш најдобар со 32 поени, но последната четвртина ја гледаше од клупа. Кај победникот се покажа и Холидеј со 27 поени, додека кај Минесота најефикасен беше Карл-Ентони Таунс со 32 поени.
In case you were wondering. Yes, Anthony Davis was booed. pic.twitter.com/MuWP4AchNQ
— Alex Shoemaker (@alexdshoemaker) February 9, 2019
Останати резултати:
Детроит – Њујорк 120-103
Филаделфија – Денвер 117-110
Вашингтон – Кливленд 119-106
Бруклин – Чикаго 106-125
Далас – Милвоки 107-122
Феникс – Голден Стејт 107-117
Сакраменто – Мајами 102-96