Сензација во Мелбурн: Федерер елиминиран од Гркот Циципас!

Роџер Федерер нема да ја брани титулата на Австралија опен, откако денеска беше шокиран во осминафиналето од Гркот Стефанос Циципас, кој славеше со 3-1 во сетови.

Грчкиот тенисер му создаде големи главоболки на Швајцарецот уште на самиот почеток на мечот, па Федерер го освои првиот сет во тај-брејк со 7-6 (13-11).

Во вториот сет повторно следеше возбудлива игра, а Федерер пропушти четири сет топки, па тоа го казни Циципас во тај-брејкот со 7-6 (7-3).

Во третиот сет Гркот направи големо изненадување, откако во 12 гем успеа да направи брејк и да поведе со 2-1 во сетови.

Швајцарецот се обиде во последниот сет да се врати во игра, но едноставно не можеше да направи брејк и загуби во тај-брејкот со 7-6 (7-5).