Ѓоковиќ без проблеми го совлада Цонга
Србинот тргна жестоко во првиот сет, па направи брејк во четвртиот гем, но потоа Цонга врати и намали на 2-3. Сепак, во следнио гем Ѓоковиќ повторно прави брејк и со сигурен сервис до крајот стигна до 6-3.
Во вториот сет нешто слична ситуација, а Ѓоковиќ со еден брејк повеќе од својот противник го освои сетот со 7-5.
Третиот сет донесе помалку возбудувања бидејќи веќе беше познат победникот во мечот, па Србинот направи брејк за 3-2 и си сигурен сервис во продолжението ги постави конечните 6-4.
Ѓоковиќ во следното коло во Мелбурн ќе игра против Денис Шаповалов.