Се крчка ли пресврт на деценијата: Јувентус пред нос на Интер ќе му го лапне Модриќ?

Најдобриот светски фудбалер за 2018 година, Лука Модриќ веќе шест месеци се поврзува со трансфер во италијански Интер, откако не сакал да го потпише новиот договор со „кралскиот клуб“, но според „Спорт Медијасет“ можен е голем пресврт на деценијата и хрватската ѕвезда да заврши во – најтрофејниот клуб на Апенините, Јувентус.

Според Медиујасет, „старата дама“ ги испитува можностите да го донесе Модриќ во тимот, иако во средината веќе го ангажираше и Арон Ремзи од Арсенал, а во случајот со Хрватот во игра за трансферот влегува и најмоќниот светски менаџер Жорге Мендеш, кој му е менаџер на Кристијано Роналдо.

Роналдо летоска за 117 милиони евра мина од Реал Мадрид во Јувентус, па сега „бјанконерите“ побарале помош од Португалецот за да им ја заврши работата и со Модриќ. Инаку Хрватот има договор со Реал Мадрид до јуни 2020 година, па сооглед дека летово ќе биде на една година до истек на договорот со „кралевите“ неговата цена не би требало да биде така висока, па Јувентус не би пропуштил шанса да го донесе.

Сега останува да се види, каква ќе биде реакцијата на Интер, кој уште летоска сакаше да го донесе, а наводно и самиот Модриќ сакал да дојде во Милано, каде има цела една колонија на хрватски фудбалери.