Холивудска глумица платила 80.000 фунти за два билети за СП во Катaр во 2022 година!?

Иако Светското првенство во Катар во 2022 година е предалеку, сепак билети за истото се продаваат и тоа на хуманитарби и гламуросни балови во САД, каде една од најголемите оливудски ѕвезди, Џулија Робертс платила 80.000 фунти за две влезници.

Робертс платила вистинско богатство за два билети за неа и нејзиниот сопруг Дени Молдер. Инаку аукцијата била дел од хуманитарниот собир кој го организирал Шон Пен за својата организација „Хаити Черити“ во Лос Анџелес и на донаторската вечер учествувале уште низа холивудски актери.

На таа донаторска вечер, два билети за меч во Доха биле ставени на аукција, а Робертс била најдарежлива со 80.000 фунти, победувајќи ги Џејми Фокс, Киген Мајкл Кеј и Мајк Маерс. Инаку актерката е голем љубител на фудбалот и голем навивач на Манчестер јунајтед, која во изминатите години се сликаше со најголемите фудбалски ѕвезди од Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Зинедин Зидан, Лука Модриќ, Серхио Рамос, Пол Погба и сите ги опиша како „прекрасни човечки суштества“.

Робертс има три деца, две ќерки и еден син, а тие играа фудбал на „Олд Трафорд“ со децата на Вејн Руни по пресметката на Манчесре јунајтед со Вест Хем во 2016 година.