Алегри се правда, но реакцијата на Пјаниќ покажува дека му е лут! (ВИДЕО)

Јувентус синоќа загуби од Јанг бојс со 1-2 во шестото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, а по мечот многу „прашина“ крена замената на Миралем Пјаниќ во 65 минута.

При излегувањето од играта Пјаниќ директно тргна кон соблекувалната, па делуваше дека му е лут на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, иако стратегот вели дека такво нешто нема.

„На стадионот беше шест степени под нулата, поради тоа замина во соблекувалната, а јас сакав да го одморам за наредните натпревари во Серија А“, кажа Алегри.