
Џекпот за битолчани: Еурофарм Работник со Кузмановски ќе брка место во СЕХА!
Потписот доаѓа само неколку часа откако заврши сагата со неговото заминување од Металург и тоа поради големи долгови кои овој клуб ги има кон него. Амбициозните битолчани неколку години наназад се обидуваат да дојдат до регионалното натпреварување, желба која со помошта на Кузмановски би можела и да им се оствари сезонава.
Тоа ќе биде интересна борба за втората позиција на табелата со доскорешниот тим на репрезентативецот, со оглед што Вардар и покрај големите промени во тимот, сепак, сѐ уште делува недопирлив за останатите македонски клубови.