
Бабунски сменет, Васоски ќе го води Вардар против Пјуник
Изненадувачки доаѓа веста за новата промена на кормилото на црвено-црните, откако Бабунски одработи само еден меч (поразот во Ереван), во очајна игра во текот на 90-те минути, на кои вардарци немаа ниту еден директен шут кон голот. Бабунски дојде на местото на Чедомир Јаневски во април годинава, откако претходно беше директор на Академијата. Раководството сега експресно го смени, а најавите се дека повторно го враќа во школата.
Ова не е првпат Вардар да смени тренер непосредно пред важен меч, затоа што во историската мината година, Гоце Седлоски си поднесе оставка два дена пред првиот меч со Фенербахче, по што Јаневски го презема клубот и го одведе Вардар во групите во Лига Европа.