Сеир на годината: Перо Антиќ доби двојник испорачан директно од – Али Експрес! (ФОТО)
Станува збор за заедничка фотографија на Антиќ со новиот плејмејкер на црвено-белите, Филип Човиќ, кој со својот имиџ потсетува на македонскиот кошаркар. Двајцата имаат иста „фризура“ и имиџ со слична брада, со тоа што нашиот интернационалец е триесетина сантиметри повисок и исто толку килограми потежок од својот „двојник“.
Поради сето ова, Човиќ доби прекар дека е Перо Антиќ ама порачан од Али Експрес, шега на сметка на кинеската компанија за продажба на артикли од „игла до локомотива“ каде што тоа најчесто прикажаното на сликата нема апсолутно никаква врска со тоа што ќе пристигне до крајниот купец.