Севиља во меч со шест гола го „нокаутира“ Реал Сосиедад во Сан Себастијан

Севиља оствари голем триумф на гостувањето кај Реал Сосиедад, и тоа со 4-2 во спектакуларен натпревар од 14. коло во шпанската Ла Лига.

Мечот започна фантастично за гостинскиот тим, кој поведе уште во втората минута преку Феликс Кореја, а во 37. минута Рубен Варгас ја зголеми предноста.

Реал Сосиедад се врати во игра веднаш на почетокот на второто полувреме. Лука Сучиќ во 49. минута постигна прекрасен гол и намали на 1-2.

Сепак, Севиља не дозволи целосен камбек. Јусуф Фофана во 84. минута погоди за 1-3 и се чинеше дека ја реши дилемата околу победникот, но Даниел Дијаз во 90. минута повторно ја врати неизвесноста со гол за 2-3.

Драмата траеше до самиот крај, но во шестата минута од судиското продолжение Исак Ромеро стави точка на натпреварот, со голот за 4-2.

Фото: Facebook/Real Sociedad de Fútbol