Монако ја прекина црната серија со триумф во дербито против Лион (ВИДЕО)
Домаќините подобро го започнаа натпреварот и поведоа во 15. минута со прекрасниот погодок на Кеито Накамура. Сепак, радоста на Лион траеше кратко, бидејќи само осум минути подоцна Матис Аблин ја искористи шансата и донесе израмнување од 1-1.
Во 71. минута Вандерсон се најде на вистинското место и ја затресе мрежата за целосен пресврт и водство од 2-1.
Лион во завршницата се обиде да се спаси од пораз, а во судиското продолжение дури и постигна гол за израмнување. Сепак, по проверката со ВАР, погодокот беше поништен поради игра со рака.
Казната за домаќините пристигна во последните моменти, кога Фоларин Балогун во 90+10. минута ја искористи шансата од контранапад и ги постави конечните 3-1.
Фото: Facebook/AS MONACO