Баер Леверкузен со пресврт ја расплака Борусија среде Дортмунд (ВИДЕО)
Домашниот тим подобро го отвори натпреварот и поведе уште во осмата минута со голот на Нмеча, а Дортмунд ја задржа предноста сè до паузата.
Во второто полувреме Леверкузен заигра поофанзивно и успеа да направи целосен пресврт. Во 69. минута Патрик Шик погоди за израмнување, а само 11 минути подоцна гостите зададоа нов удар преку Езекиел Фернандез за 2-1 и целосен пресврт на „Сигнал Идуна Парк“.
Дортмунд останува лидер со 24 бодови, додека Леверкузен е на петтата позиција со 22 поени.
Фото: Facebook/Bayer 04 Leverkusen