Трагедија во Сараево: Среде натпревар од инфаркт почина ракометар на РК Босна!

Голема трагедија го потресе босанскиот ракомет, откако 35-годишниот Ибрахим Шеткиќ, играч на ОРК Босна од Сараево, почина за време на натпреварот против Железничар во Сараево.

Босанските медиуми пишуваат дека Шеткиќ на полувремето од натпреварот доживеал срцев удар. Медицинските екипи веднаш започнале со реанимација, но и покрај напорите да му го спасат животот, ракометарот починал.

Шеткиќ е роден во 1991 година и настапувал на позицијата десно крило за ОРК Босна, а играл и за РК Вележ, кој објави емотивна порака по трагичната вест.

„Со неверување и голема тага вечерва ја примивме вест за трагичната смрт на ракометарот на Босна Сараево, која се случи на полувреме на денешниот меч“, објавија од Вележ.