На среќата ѝ немаше крај: Македонките ја урнаа Грција и бурно го прославија пласманот на ЕП! (ФОТО)

Македонските ракометни кадетки успеаја да ја израдуваат цела држава откако триумфираа против Грција со 18-13, а со тоа обезбедија пласман на Европското првенство (ЕП) во 2027 година.

По големата победа над јужниот сосед, почна големото славје на теренот на македонските кадетки, кои покажаа дека го заслужуваат местото меѓу најдобрите на континентот.

Македонија претходно славеше против Косово и загуби од Литванија, но победата над големиот ривал од југот беше навистина слатка затоа што значеше и пласман на ЕП 2027.