Српски брутално нокаутираше непоразен Велшанец за 53 секунди и стана шампион (ВИДЕО)
Борецот со српско потекло ја освои титулата во лесна категорија, откако во главната борба на настанот во Манчестер со спектакуларен нокаут за само 53 секунди го совлада Иуан Дејвис од Велс.
Дејвис влезе во борбата со беспрекорен професионален скор од осум победи без пораз, но против Вучениќ немаше многу време да ги покаже своите квалитети.
За Вучениќ ова е втора титула во „Кејџ Вориорс“. Првата ја освои во 2021 година, во перо категорија, кога го победи Морган Шарие, кој подоцна направи трансфер во УФЦ.