Aлкалоид во Словенија по потврда за уште едно европско осминафинале!

Aлкалоид денеска во Словенија го игра реваншот за пласман во осминафиналето од Европскиот куп против Горење во кој влегува со голема предност од првиот натпревар во Скопје.

Избраниците на Лазаров во Скопје победија со 32-23, па така се очекува попладнево од 18:00 часот само да го потврдат пласманот во следната рунда.

Македонскиоит претставник од вчера е во Словенија каде што одработи и еден тренинг пред денешниот дуел.

Пред Алкалоид пласманот во осминафиналето во ова натпреварување го обезбеди и Охрид кој без поголеми проблеми го елиминираше литванскиот Драгунас Клаипеда.