Гатузо им одговори на критичарите: Зборувавте дека сум неспособен, а еве нè сега
Лацио по 13 одиграни кола е на врвот во Серија А со 35 освоени бодови од можните 39, што е резултат над очекувањата на многумина.
„Не заборавив што се зборуваше на почетокот на сезоната. Сите велеа дека оваа екипа не е дорасната на задачата и дека сум неспособен тренер. Зборуваа дека единствена цел треба да ни биде опстанокот во лигата. А сепак, еве нè сега“, изјави Гатузо, пренесува „Газета дело спорт“.
Тој нагласи дека успехот е резултат на напорната работа и создавањето победнички менталитет, но предупреди дека тимот не смее да се опушти.
„Работевме напорно и изградивме менталитет кој ни овозможува да го правиме ова што го правиме. Но, тоа не значи дека не треба да останеме скромни. Одиме натпревар по натпревар и не ја гледаме табелата“, порача италијанскиот стратег.
Гатузо беше особено задоволен од изданието на своите фудбалери во Торино, потенцирајќи дека победата е уште повредна ако се знае дека тимот настапил без неколку важни играчи.
„Многу сум горд на начинот на кој игравме. Не беше лесен натпревар. Пристапивме храбро и не отстапивме ниту сантиметар. Ни недостасуваа важни фудбалери, но бев спокоен бидејќи знам колку напорно работи секој играч што ми е на располагање“, истакна Гатузо.