Место на патека, в болница: Маркез ја пропушта последната трка сезонава
Од тимот на Гресини потврдија дека кај Маркез се појавил тежок бронхоспазам, поради што бил упатен на дополнителни лекарски прегледи и третман во болницата „9 де Октубре“.
Шпанецот имаше проблеми со здравјето уште од почетокот на викендот. Во петокот се соочуваше со покачена температура и губење на гласот, но сепак успеа да се врати на патеката и да учествува во квалификациите и спринтерската трка. Во квалификациите го освои четвртото место, додека во саботниот спринт заврши на шестата позиција. Се очекуваше последната трка сезонава да ја започне од вториот ред, но утрово пристигна непријатната вест за неговото отсуство.
Откажувањето има и дополнителна тежина за семејството Маркез Денешната трка требаше да биде последна во кариерата на неговиот брат Марк, кој најави повлекување од МотоГП, па двајцата требаше за последен пат да бидат заедно на стартната линија.
За Алекс ова требаше да биде и последен настап за Гресини, тимот во кој возеше од 2023 година и со кој ја оживеа својата кариера во кралската класа. Од следната сезона ќе настапува за КТМ.