Чудо во Франција: Сима постигна пет гола на еден меч за Ланс! (ВИДЕО)
Анже поведе со гол во 20. минута, но Сима стрелаше во финишот на првиот дел и донесе израмнување (1-1).
Домаќините повторно се вратија во предност со нов погодок на стартот на вториот дел, но потоа Сима се разигра и постигна уште четири гола до крајот на средбата (5-2).
Ланс по 12 одиграни кола е на седмата позиција со 17 бодови.
Фото: Facebook/Racing club de Lens