Судиската комисија потврди: Арбитрите не погрешиле со црвениот картон за Арсими!
На дуелот помеѓу Арсими и Вардар се анализираа две ситуации, поништениот гол на Вардар и црвениот картон за домаќините за Арџент Гафури
Во 65. минута, домашниот играч со број 10, додека беше во посед на топката, намерно го удри противничкиот играч со број 71. ВАР-собата правилно реагираше и го повика главниот судија на преглед на снимката (ОФР), по што беше донесена исправна одлука за исклучување на домашниот играч со црвен картон.
На останатите два дуели помеѓу Силекс и Струга и Тиквеш и Шкендија се анализираше по една ситуација во која арбиутрите исто така не погрешија.
Комплетната анализа можете да ја прочитате - ТУКА.