„Гаштаров може да биде продаден за 20 милиони евра!“
Лалатовиќ ги изнесе своите оценки во пресрет на дуелот меѓу Нови Пазар и Црвена звезда, посебно осврнувајќи се на улогата што Гаштаров ја има во тимот на Алберт Риера.
Повод за коментарот беше настапот на Македонецот против Гент во Конференциската лига. Гаштаров го започна натпреварот како десен бек, но по промената на позицијата и преместувањето во средниот ред покажа што може да понуди. Токму тој со одличен погодок во финишот ѝ донесе реми на Црвена звезда во Белгија.
„Гаштаров е можеби најдобриот играч за врска во лигата во моментов. Го видовте кога се пресели во средината на теренот. Зошто од добар играч за врска правиме лош стопер? Тој не е стопер, но Риера има своја идеја – сака преку него да создава вишок и да ја изнесува топката, бидејќи има феноменален чекор и чувство за простор“, порача Лалатовиќ.
Српскиот стратег отиде и чекор понатаму со проценката за потенцијалната пазарна вредност на македонскиот фудбалер.
„Ако игра во средниот ред, може да биде продаден за 20 милиони евра“, додаде тренерот на Нови Пазар.
Гаштаров сè повеќе добива простор во првиот тим на белградскиот клуб, а неговиот настап против Гент дополнително го привлече вниманието на јавноста. Младиот Македонец досега има 16 настапи за Црвена звезда, еден гол и две асистенции.