Гаштаров блесна во Белгија - со мајсторија ја спаси Звезда! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Матеј Гаштаров беше херој вечерва на Црвена Звезда и со својот гол го спаси белградскиот гигант од пораз во Белгија.

Звезда во Белгија ја имаше иницијативата и топката во свој посед, сепак не создаде премногу шанси, а казната стигна во 26-тата минута кога погоди Араухо и тоа беше единственит гол во првото полувреме во кое Гаштаров заработи жолт картон.

Слична беше сликата и во вториот дел, Звезда ретко создаваше добри прилики за во финишот да блесне македонскиот репрезентативец.

По додавањето од Хедел во 85-тата минута Гаштаров со мајсторски шут го матираше противничкиот голман за 1-1, резултат кој се покажа и како конечен.

Со ова реми Звезда дојде до пет бода по четири натпревари, исто толку има и Гент.

Останати резултати: Кајрат – Малме 1-0 Ајакс – Тун 4-0 Бран – Архус 1-4 Брајтон – Универзитатеа Крајова 4-0 Егнатија – Линколн 2-1 Хартс – Монако 2-3 Иберија 1999 – Хетафе 1-0 Јаблонец – Лугано 2-0 Кауно Жалгирис – Рига ФК 2-0 Пафос – Митјиланд 0-2 Борац Бања Лука – Аталанта 2-3 Брага – КуПС 4-0 ЦСКА Софија – Трабзонспор 1-2 Фрајбург – Твенте 2-1 Гент – Црвена Звезда 1-1 Хајдук – Сент Труден 0-2 Интер Ескалдес – Копенхаген 2-0 Нордшеланд – Панатинаикос 3-2