ВАР му поништи гол на Муслиу против Хајдук - се проверуваше три минути! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Висар Муслиу немаше среќа вечерва да се запише во листата на стрелци против Хајдук.

Муслиу јa погоди мрежата на гигантот од Сплит уште во деветтата минута, но по проверка на ВАР која траеше цели три минути неговиот погодок беше поништен поради недозволена позиција, па Сент Труден остана без водство.