Навивачи на Бешикташ против Хапоел извадија палестинско знаме и предизвикаа хаос (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Бешикташ и Хапоел Бер Шева во Лигата на Европа падна во сенка поради инцидент трибините во грузискиот град Батуми.

Полицијата интервенираше против навивачите на турскиот клуб поради истакнување палестинско знаме, а ситуацијата ескалираше и во текот на натпреварот, кој беше привремено прекинат.

Првите тензии се појавија непосредно пред почетокот на средбата, кога навивачите на Бешикташ истакнале палестинско знаме на трибината на која биле сместени. Полициската интервенција предизвикала дополнителен револт кај турските навивачи, а дел од нив се обиделе да им помогнат на своите сонародници и да ги извлечат оние кои биле нападнати од обезбедувањето.

Според информациите што ги пренесуваат медиумите, еден од навивачите бил изнесен од трибините на носилки, а наводно бил употребен и солзавец.

Инцидентите не завршија со полициската интервенција. Во 28. минута од натпреварот повторно дојде до тензии, поради што судијата беше принуден да го прекине дуелот кој подоцна продолжи.