Тренерот на Сабах: Ме заболе вратот од играта на Барселона!
Литванскиот стратег беше импресиониран од брзината и прецизноста со која фудбалерите на каталонскиот гигант ја разменуваа топката, па на прес-конференцијата откри дека дури и него го заболел вратот додека го следел нивното движење на теренот.
„Барселона толку добро ја додаваше топката што ме заболе вратот од постојаното гледање лево-десно. Можам само да замислам низ што минуваа моите играчи на теренот и колку енергија потрошија“, кажа Думбраускас.
Фото: Facebook/Sabah FC