Aрсими е последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија

Арсими го комплетираше списокот на четвртфиналисти во Купот на Македонија, откако со пресврт славеше над Брера Струмица со 3-1.

Натпреварот беше одигран во дополнителен термин поради настапите на струмичкиот клуб во младинската Лига на шампионите. Брера на паузата имаше предност, но Арсими во второто полувреме направи целосен пресврт и со три постигнати гола стигна до победата и пласман во следната фаза.

Претходно своето место го обезбедија: Скопје, Струга, Вардар, Силекс, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија Арачиново.

Четвртфиналните натпревари во Купот на Македонија ќе се играат напролет.