Судот донесе одлука: Мароко остана со празни раце, Сенегал е шампион на Африка!
Судот ја поништи одлуката на Африканската фудбалска конфедерација, која во март го прогласи Мароко за победник со службени 3-0, откако финалето беше прекинато по протестот на сенегалските фудбалери.
Скандалозното финале се одигра на 18 јануари во Рабат, кога Сенегал славеше со 1-0 по продолженијата. Натпреварот беше прекинат во финишот на регуларниот дел, откако сенегалските играчи го напуштија теренот во знак на протест по досудениот пенал за Мароко, кој сепак не беше реализиран од Брахим Дијаз.
Фото: Facebook/Fédération Sénégalaise de Football