Најуспешниот помошник-селектор на Македонија е нов тренер на Брегалница!
Реџепи има богато интернационално искуство, а во кариерата досега работеше за екипи како Беса, Љапи, Дуќагини, Лирија, Фероникели, Трепча и Влазними.
Реџепи има и искуство од турскиот фудбал, каде што бил асистент во Сиваспор, а значаен дел од неговата кариера е и работата во македонската репрезентација. Во периодот од 2017 до 2021 година беше помошник на Игор Ангеловски во националниот тим, со кој Македонија ги испиша едни од најзначајните страници во својата фудбалска историја.
„ФК Брегалница од срце му се заблагодарува за ангажманот на досегашниот тренер Мијалче Прошев, кој се нафати да ја води екипата во тешки моменти и постигна значителни резултати. Прошев останува во клубот, кало координатор на младинските категории“, соопштија од клубот.
Брегалница во моментов е на седмата позиција во Првата лига со 14 бодови по 14 одиграни кола.