Јунајтед го допре дното - има најлош премиерлигашки старт во клупската историја!
Тоа е најслабиот почеток на сезона за Јунајтед во англиската елита од 1972/73 година, кога клубот исто така имал само една победа по првите 11 натпревари. Според статистичките податоци, актуелниот тим го израмни тој негативен клупски рекорд. Со оглед на тоа што од 1992 година, највисокиот ранг на англискиот фудбал го носи името Премиер лига, ова е најлош премиерлигашки старт на Јунајтед во историјата,
Поразително е што ваков биланс не е забележан дури ни во најлошите сезони на клубот во поновата ера. Јунајтед има една победа, пет нерешени средби и пет порази, со гол-разлика од минус девет. Со само осум освоени бода се наоѓа на 19. место на табелата. Последен пат Манчестер Јунајтед имал толку малку бодови по првите девет првенствени натпревари во сезоната 1986/87. Актуелната сезона е најлошиот почеток на клубот во ерата на Премиер-лигата.
Сега Јунајтед се соочува со сериозен предизвик да ја прекине кризата и да се оддалечи од опасната зона. Капак на се е тоа што има згуснат распоред поради настапот во Лигата на шампионите, а в среда му следува гостување кај Спортинг.