Прими 15 гола, но запиша дури 14 одбрани: Голман имаше неверојатна статистика на СП (ВИДЕО)
Шпанија целосно доминираше во текот на натпреварот, упатувајќи неверојатни 52 удари кон противничкиот гол, од кои 29 завршија во рамките на голот.
Најрасположен за постигнување голови беше Рафа Круз, кој пет пати ја затресе мрежата на Фиџи. Роберто Томас и Гиљермо Трухиљано постигнаа по три гола, Хорхе Домингез два, додека Марко Компани и Јеремаја Рамос се запишаа по еднаш во листата на стрелците.