Рома може да остане без навивачи на гостувањата до крајот на сезоната
Според пишувањата на „Ил Месаџеро“, до судирот дошло кај одморалиштето „Арно Ест“. Поради градежни работи на тој дел од автопатот се создала колона во која се нашле двете навивачки групи.
Приврзаниците на Рома патувале кон Парма за натпреварот на својот тим, додека навивачите на Торино биле на пат кон Неапол, каде што нивниот клуб играл од 20:45 часот.
Според досегашните информации, нема потешко повредени лица. Инцидентот е особено непријатен за Торино бидејќи неговите навивачи токму тој ден првпат по неколкумесечна забрана повторно добиле дозвола да патуваат на гостувањата.
Сепак, последиците би можеле да ги почувствуваат навивачите на Рома. Италијанските медиуми пишуваат дека им се заканува забрана за гостувања до крајот на сезоната, а сега се очекува одлуката на надлежното тело за безбедност на спортските настани.