Урнебесна сцена: Навивачи на Динамо го исклучија ВАР-мониторот и кабелот го фрлија во пиво (ВИДЕО)
Инцидентот се случи во саботата, на 21 ноември, на дуелот од 16. коло во романската Суперлига меѓу Динамо Букурешт и Петролул. Динамо во моментов домашните натпревари ги игра во Слобозија, бидејќи на Националната арена во Букурешт се менува теренот.
Во 43. минута ВАР-судиите го повикаа главниот арбитар Габриел Михулеак да ја провери ситуацијата во казнениот простор на домашниот тим. Но, додека судијата се упатуваше кон мониторот, навивачите на Динамо, кои се наоѓаа веднаш зад оградата, го повлекоа кабелот, по што опремата падна на земјата.
Кабелот потоа бил изваден од приклучокот и ставен во чаша пиво. „Проспорт“ објави дека пред повторното вклучување морал да биде исушен за да се избегне опасност од струен удар.
En Rumania el VAR ha avisado al árbitro para que revisará un posible penalti y los aficionados han arrancado los cables y tirado cerveza para romperlo. Eñ partido se ha detenido unos 15 mins hasta que lo gan reparado y el árbitro ha podido ver la jugada. https://t.co/AFkH17kf7C
— 🆁🅴🅶🅻🅰18 (@reglaXVIII) November 22, 2026
Откако техничкиот тим ја оспособи опремата, Михулеак ја прегледа снимката, ја промени првичната одлука и досуди пенал за Петролул. Н'Лундула беше прецизен во 12. минута од судиското продолжение во првото полувреме, постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот.
Првото полувреме траеше повеќе од 20 минути подолго од предвиденото, бидејќи во 22. минута натпреварот беше прекинат и поради факели и димни бомби кои гостинските навивачи ги фрлија на теренот.
Централната судиска комисија на Романската фудбалска федерација ден по натпреварот го осуди инцидентот. Во соопштението беше потврдено дека домашните навивачи го собориле мониторот, а врз техничарите и опремата биле фрлани предмети и течности. Откако престанал да функционира аудиосистемот, судиите комуницирале меѓусебно и преку мобилни телефони.
Сепак, комисијата оцени дека Михулеак не го прекршил ВАР-протоколот, бидејќи конечната одлука ја донел дури откако повторно биле воспоставени услови за преглед на снимката.