Барса остана без Јамал за натпреварот во ЛШ
Младиот шпански фудбалер има полесна непријатност во десниот скочен зглоб, поради што медицинскиот тим на каталонскиот гигант одлучил да не ризикува со неговото здравје. Јамал ќе остане во Шпанија и нема да патува на гостувањето во Азербејџан.
Проблемите ги почувствувал уште за време на загревањето пред неделниот првенствен натпревар против Виљареал. Иако добил медицински третман, сепак настапи и ги одигра сите 90 минути.
Барселона на тој натпревар славеше со 3-2, откако успеа да надополни негатива од два гола. Јамал имаше значаен придонес во пресвртот, меѓу другото и со асистенцијата за погодокот на Фермин Лопез.
Сепак, по натпреварот било проценето дека нема потреба да се изложува на дополнителен напор, особено поради густиот распоред и важноста на продолжението од сезоната.
Според најавите, неговото враќање на терените се очекува веќе за следниот првенствен натпревар на Барселона.