Андонова испиша историја – прва Македонка со 50 натпревари во ЛШ!
Јубилејот на Андонова го истакнаа и од елитното фудбалско натпреварување преку социјалните мрежи.
Интересно е што 50-тиот натпревар македонската фудбалерка го одигра против својот поранешен клуб, Барселона која во овој дуел славеше убедлива победа од 6-0.
Покрај Барселона и Сервете, Андонова која кариерата ја почна во Тиквешанка го носеше дресот уште на Леванте, ПСЖ, Ал-Шабаб, Розенгерд...
