Мурињо ги смени работите: Реал во најдолга победничка серија во последните четири години

Реал Мадрид продолжува да реди победи под водство на Жозе Мурињо. „Кралевите“ ja совладаа Селта со 2-1, по пресврт во натпреварот од 13. коло во Ла Лига, со што стигнаа до деветтата последователна победа во сите натпреварувања.

Со овој резултат, мадридскиот гигант ја оствари најдолгата победничка серија во последните четири години. Последен пат Реал имаше девет последователни триумфи во почетокот на сезоната 2022/23, кога на клупата седеше Карло Анчелоти.

Актуелната серија започна по поразот од Атлетико Мадрид (1-2) на 20 септември. Оттогаш, тимот на Мурињо забележа шест победи во шпанското првенство и три во Лигата на шампионите, со вкупно 26 постигнати и девет примени голови.

Но, победата над Селта имаше и посебна историска тежина за португалскиот стратег. Мурињо стана првиот тренер на Реал Мадрид во 21 век кој успеал да оствари 17 последователни домашни победи во Ла Лига. Интересно е што оваа серија е составена од два различни периода во неговата кариера на „Сантијаго Бернабеу“. Во завршницата од првиот мандат, во сезоната 2012/13, Мурињо забележа 11 последователни домашни првенствени победи, а во актуелната сезона додаде уште шест. Со тоа го израмни остварувањето на Луис Моловни од сезоната 1985/86. Пред нив останува само легендарниот Мигел Муњоз, кој во шеесеттите години од минатиот век имаше серии од 22 и 18 домашни победи.